УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА СОДРЖИНИ ОД Факултети.мк
Бесплатно преземање на содржини од факултети.мк надвор од овие услови е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на факултети.мк, односно со одговорниот уредник.
Дозволено е бесплатно преземање на вести, извештаи и други написи од Факултети.мк, само под следните услови:
- дозволено е да се превземе најмногу 20 % од содржината на текстот
- на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Факултети.мк
- ако текстот е потпишан од конкретен автор од Факултети.мк, во преземениот текст задолжително треба да се наведе името на авторот
- насловот на текстот задолжително треба да почне со зборот „Факултети.мк“ и со интерпункцискиот знак две точки (на пример, „Факултети.мк: Денеска студентот“)
- дозволено е да се преземат најмногу две содржини дневно.
Забрането е бесплатно да се преземаат колумни објавени на Факултети.мк, освен во непосреден договор со одговорниот уредник на Факултети.мк. Без таков договор, дозволено е бесплатно да се објави само извадок од колумна, при што:
- извадокот од колумната може да биде долг најмногу 10 реда од оригиналната објава во Факултети.мк
- насловот на извадокот задолжително треба да почне со фразата која го содржи името на авторот на колумната и зборовите „за Факултети.мк“, по што следи интерпункцискиот знак две точки (на пример, „Марија за Факултети.мк: Колумна ЏИШ“)
- на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целата колумна прочитајте ја тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Факултети.мк
Преземање на видеа и фотографии е дозволено само во договор со одговорниот уредник на Факултети.мк.
Тој што ќе објави содржина ( вест, извештај или друг напис) надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на издавачот на Факултети.мк да му исплати надомест од 6.000 денари за една содржина.
Тој што ќе објави колумна надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на издавачот на Факултети.мк да му исплати надомест од 9.000 денари за една колумна. Издавачот таа сума целосно ќе му ја исплати на авторот на колумната.
Тој што ќе објави видео или фотографија надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на издавачот на Факултети.мк да му исплати надомест од 6.000 денари за едно видео или една фотографија. Издавачот таа сума целосно ќе му ја исплати на авторот.
За прекршувања на овие услови, издавачот на Факултети.мк го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.