На денешен ден пред 10 години Тоше Проески го одржа својот последен концерт на Градскиот стадион во Скопје. Ѕвезденото небо кое таа вечер го доби од присутните на концертот дури и него го остави без здив. „Не можам да ви ја опишам глетката“, пресреќен зборуваше Тоше, додека пееше.