Вкупниот број на милијардери во светот се зголеми за скоро 15 отсто од 2016 до 2017 година и сега изнесува 2.754. Додека патот до мега-богатството секако не е ист за сите, повеќе од 560 од тие милијардери, поточно 567, имаат диплома на еден од топ 10-те најдобри американски универзитети. Тоа ги вклучува Илон Маск, Ворен Бафетт и основачите на „Гугл“. Според извештајот, 188 живи милијардери се алумни на Универзитетот Харвард. Тука не се вклучени најбогатите луѓе во светот, Марк Закерберг и Бил Гејтс, кои се отпишале од студиите.