4 годишната Шамоус живее во Рас ал-Ауја, каде бедуинските колиби се наоѓаат помеѓу римските археолошки остатоци и водопадите. Нејзините мајка и татко се меѓу 25-те семејства кои го нудат својот дом на посетителите во Масар Ибрахим ал Калил, пешачка патека долга 321 километар која се простира низ палестинските територии. „Нашите деца се среќни кога доаѓаат нови посетители - тие им даваат подароци и играат со нив. Сакам моите деца да знаат како да примаат гости, за и тие еден ден да знаат како да ја работат оваа работа“, вели Ноура Абу Курбеш.