Како пандемијата да не беше доволна, сега Калифорнија се соочува и со големи пожари кои создаваат речиси апокалиптични сцени. Во одредени делови од Заливската област на Сан Франциско небото е портокалево и со пепел. Експертите објаснуваат дека портокаловото небо го предизвикале облаци на чад што настанале од бројните шумски пожари што беснеат низ цела Калифорнија.