Руското министерство за одбрана објави интерактивна 3D тура за новата воена база наречена „Арктичка детелина“, најсеверната инсталација на руските вооружени сили. „Со помош на оваа апликација, посетителите на интернет страницата на министерството за одбрана ќе можат интерактивно да го проценат практичниот и ергономскиот распоред во базата, кој на руските војници му овозможува извршување на задачи и во најтешките климатски услови на Арктикот“, вели руското министерство за одбрана.