Во пресрет на првиот натпревар од 21-то Светско првенство во фудбал помеѓу Русија и Саудиска Арабија на стадионот Лужники во Москва одржана е и кратка 15-минутна свеченост во која во музичкиот дел настапи британскиот пејач Роби Вилијамс со руската оперска пејачка Аида Гарифулина, членка на австриската државна опера, додека говор одржаа рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на ФИФА - Џиани Инфантино.