Во Пенсакола, Флорида се наоѓа еден бар вреден милион долари. Тој не е направен од злато, ниту дијаманти, но во него висат потпишани банкноти кои ја имаат таа вредност. Барот „Мекгвајер“ бил отворен во 1982 година. Првиот гостин оставил 1 долари за среќа во работата, а келнерката го закачила доларот позади шанкот. Утредента, повеќе познаници го сториле истото и веќе се родила традиција. Денес, на сите страни во барот висат повеќе од еден милион потпишани долари.