Ова е прашање кое ги налутило членовите на семејствата на некогашните затвореници во една морска тврдина во Јадранското море, кога владата го одобрила проектот со кој би се трансформирал историскиот локалитет во Црна Гора во луксузно одморалиште. Тврдината на Мамула Островот била изградена во 1853 година од австро-унгарскиот генерал Лаза Мамула, како дел од плановите за спречување на непријателските бродови да влезат во заливот Бока. Во текот на Втората светска војна, италијанскиот фашистички лидер Бенито Мусолини ја претворил тврдината во концентрационен логор. Околу 2.000 затвореници живееле таму - 80 од нив биле егзекутирани, а други 50 починале од глад во мрачните и тешки услови на концентрациониот логор. И покрај мрачното минато, парламентот на Црна Гора го одобри проектот на швајцарско-египетската компанија „Orascom“ која планира тврдината да ја претвори во одморалиште со ресторани, спа и ноќни клубови.