Изградена помеѓу 1712 и 1732 година, големата соба во библиотеката во Тринити колеџот е долга околу 65 метри и содржи над 200.000 книги. Зошто толку многу книги? Бидејќи во 1801 година библиотеката добила право да добие бесплатна копија од секоја книга објавена во Британија и Ирска. Освен што претставува најголема библиотека во земјата, исто така тука може да се пронајде „The Book of Kells“, која била напишана од монаси пред 1.200 години и денес претставува еден од најпознатите и највредните ракописи во постоење. Библиотеката исто така има и неколку копии од прогласувањето на Ирската Република од 1916 година.