Студентите од Чиле повторно се вратија на улица. Како дел од националниот ден на акција, околу 150.000 луѓе се собраа само во Сантијаго, а десетици илјади низ другите градови. Причините за протестите се поради тоа што претседателката Бачелет ветила укинување на школарината на факултетите која минатата година поради серија на даночни зголемувања на државата и` донесоа 8.3 милијарди долари. Меѓутоа, поголемиот дел од средствата се наменети за други програми.