Гледањето во старите историски фотографии е исто како да патувате со временска машина. Но, поголемиот дел од значајните историски фотографии биле направени долго време пред да се измисли бојата во фотографијата. Иако се прекрасни за очи, тешко е човек да се поврзи со црно-белите фотографии, со оглед на тоа што сите сме навикнати да живееме во свет со живи бои. Затоа, Дана Келер се одлучи на црно-белите фотографии да им даде живот. Таа го разбира влијанието на фотографиите во боја кое тие можат да го имаат врз гледачите, па затоа колоризира некои значајни историски фотографии.