Кон средината и крајот на 90-те години, скринсејверите беа апсолутен хит, а освен зачувување на енергијата нивната главна должност беше да го забавуваат корисникот додека не го користи компјтуерот. Програмерите се потрудија да направат имагинативни скринсејвери, а темите варираа - од 3D текствои и геометриски форми до анимација која ги покажуваше можностите на тогашните графички картички.