Дебар Маало е скопската населба во која можеме бескрајно да истражуваме и откриваме во 100 годишниот континуитет на историјата на архитектурата. Портите и капиите претставуваат плод на занаетчиството, дизајн кој најчесто се работел наменски, според визијата на архитектот. Тие го оставаат првиот впечаток на оној кој доаѓа, го креира првото чувство на она што се најавува во внатрешноста.