Фотографот Џејмс Молисон создава провокативни концепти кои не` предизвикуваат да ги прошириме нашите социјални и еколошки ставови за светот. Неговата книга наречена „Playground“ се фокусира на уникатните детски игралишта низ светот. Со убави и моќни спомени од овие места, Молисон се прашува како искуството на овие игралишта влијае врз другите луѓе од целиот свет.