Во предградието на Будимпешта, преку живописниот рид Буда, се наоѓа кратката железничка линија наречена Гиермеквасут што на унгарски значи „Детска железница“. Не станува збор за воз играчка кој се наоѓа во забавните паркови. Тоа е вистинска железничка со вистински локомотиви и вистински железнички работници кои се деца. Детската железница ја водат во најголем дел тинејџери на возраст од 10 до 14 години, секако, под надзор на возрасните. Само возењето и одржувањето на машините го извршуваат возрасните. Сите други работи, од проверка, издавање на билетите, до сигнали, соопштенија и информации за патниците ги извршуват овие млади луѓе облечени во официјални униформи со соодветни реквизити.