Австриската фирма за јахти, „MIGALOO“ заедно со дизајнерска фирма се здружи за неколку концепт проекти. Еден од нивните проекти е и јахта која има неверојатни футуристички елементи и секако прилично „солена“ цена - 2.3 милијарди долари. Овие приватни јахти подморници ќе ги имаат сите погодности кои нивните клиенти ќе ги посакаат со оглед на тоа што јахтите ќе бидат дизајнирани токму од нивните клиенти, а секоја јахта ќе биде тестирана според стандардите на „Navy SUBSAFE“.