За првпат се објавени фотографии што за малку ќе завршеле во ѓубре. Фотографиите биле сосема случајно најдени на ЦД за време на чистење во уништените кули близначки по нападот на 11 септември 2001 година. Се чини дека ги направил засега непознат градежен работник кој работел на чистење на уништените остатоци од кулите и околу нив. ЦД-то било во многу лоша состојба, но научниците успеале да ги извлечат фотографиите. Меѓу фотографиите се и оние направени од земјата, но и од воздухот. Може да се видат и градежните работници кои работеле на тоа подрачје. Во нападите загинале скоро 3.000 луѓе.