Некои луѓе сакаат книги, додека други сакаат да спијат покрај нив. „Book and Bed Tokyo“ е хотел чијашто тематика се книгите и се` што е поврзано околу нив. На 5 ноември овој необичен хотел ги отвора вратите за своите гости. Дизајниран од Макото Таниџири и Аи Јошида, хотелот ветува дека е најдоброто место да се „стуткате“ во кревет со добра книга и да заспиете.