Пекинг е преполн и скап, со повеќе од 21 милиони жители кои буквално се натпреваруваат за домови кои секој ден се сè поскапи и поскапи. Токму затоа околу еден милион луѓе се одлучија да живеат под земја во евтини, бетонски бункери изградени да издржат нуклеарна експлозија Италијанскиот фотограф Антониот Фачилонго ја фотографирал оваа подземна заедница во атомските соби. Фотографии прикажуваат како обичните луѓе се обидуваат да живеат во големиот град, 15 метри под земјата.