Позади овие вредни фотографии, стари еден век се крие една доста тажна приказна. Имено, во првите три децении на 20-от век во Америка голем дел од малолетниците биле експлоатирани од страна на работодавците. Во тоа време, не било воопшто контроверзно малолетниците да работат привремена работа, такашто американските работодавци тоа го злоупотребувале. Тинејџерите работеле во рудници, фабрики, на полиња, и продавале и доставувале весници и други производи. Но, условите за работа често биле неприфатливи и за полнолетните искусни работници.