Постои нешто посебно во разиграноста на волшебните бои што ги носи есента. Лисјата од зелени се претвораат во жолти, сите почнуваат да се виткаат во топла и пријатна облека за време на прошетките во текот на есенските денови. Да, есента е навистина магично време, а нејзината неспоредлива убавина ги тера сите да сакаат да станат професионални фотографи.