За луѓето од одредена земја, токму нивната татковина е најубавата земја во светот. Како што вели професионалниот фотограф Алберт, за него ова не било случај. Честопати тој сметал дека на Холандија ѝ недостасуваат работи што ги имале другите земји - прекрасни планини и високи облакодери. Според него, немало ништо спектакуларно во врска со Холандија. Но, како што навлегувал во полето на фотографијата, мислењето почнало да му се менува. Тој сфатил дека неговата земја има многу што да понуди, а холандската природа е поубава отколку што мислел. И не само главниот град, туку и десетици други средновековни градови кои се неверојатни за истражување и фотографирање. Доколку не верувате во ова, тој остава неговите фотографии да ве разубедат.