Бајкалското Езеро кое се наоѓа во јужен Сибир, останува покриено со мраз скоро пет месеци во годината. Секоја зима, кога температурата паѓа под нулата, површината на најголемото слатководно езеро во светот, се замрзнува. Но мразот започнува да се формира дури во средината на зимата, долго време после почетокот на тешките сибирски мразови. Кога другите реки и езера се замрзнуваат, Бајкалското езеро се`уште „дава отпор“ на формирањето на мраз. Неговите студени бранови го допираат брегот и со тоа успешно ги украсуваат карпите со ледени дезени. Но, кога започнува замрзнувањето, обично на почетокот на јануари, езерото останува замрзнато во следните пет месеци. Мразот во просек е дебел околу еден метар, со што автомобилите и камионите можат да поминуваат преку него. Најдебелите делови може да достигнат дебелина од два метри.