Доколку сакате совршено зеленило, особено во пролет и лето, Фарските Острови се вистинското место за посета. Оваа група на острови во Атлантскиот Океан, се наоѓа меѓу Шкотска, Норвешка и Исланд. Островите се автономен регион и на Кралството Данска. Тие претставуваат рај за луѓето кои сакаат долги прошетки и уживање во природата која ги опкружува. Дури и маглата се чини магична, меѓутоа глетката се менува за брзо време, поради непредвидливата клима. Но, она кое во никој случај не смеете да го пропуштите е езерото Сорвагсватн.