24 февруари е денот кој ќе го помниме како оној кога победи јавноста. Денот кога победија студентите и нивните барања беа исполнети после толку битки. Официјално се' уште го чекаме известувањето од страна на Студентскиот пленум, кои во 12 часот треба да одржат прес-конференција на која ќе известат за понатамошното дејствување во врска со автономните зони. Дотогаш, да се потсетиме на вчерашниот ден низ фотографии.