Кампувањето пред Министерството за образование и наука продолжува (иако тукушто започна) бидејќи договор помеѓу МОН и Средношколскиот пленум не е постигнат. Средношколски пленум известуваше за развивањето на ситуацијата преку својата фан-страница на „Фејсбук“, а таму напишаа дека кампувањето ќе продолжи во Паркот за новинари бидејќи првата средба со МОН, која ја чекаа повеќе од еден месец, не беше позитивна.