Фотографот Алберт одлучил да ја посети Венеција во различна сезона од годината, поточно на почетокот на зимската сезона, која и не е толку омилена меѓу туристите. - Сум бил во Венеција пред долго време и она што можев да го запомнам е лудите туристи и гужвата. И не е чудно, со оглед на тоа што мојата посета беше во лето. Минатиот викенд, одлучив да ја посетам Венеција во зима. Сите ми велеа: Зошто Венеција? Не е периодот за посета. И токму тоа беше и целта. Сметав дека посетата на Венеција во зима е паметен потег за избегнување на гужвата и бев во право. Мојот викенд во Венеција беше одличен.