Мартин Скоелер е еден од најпознатите фотографи за портрети во светот. Во неговото портфолио со фотографии може да се најдат познати личности како Обама, Лејди Гага, меѓутоа и случајни минувачи и бездомни луѓе. Она по кое се разликува овој фотограф од останатите, е неговиот доследен стил. „Веќе 20 години ги правам овие портрети и секогаш го користам истото светло, истиот амбиент, истиот агол и истата камера. Никој не е фотошопиран ниту ретуширан - сè што гледате е реално“, вели тој.