Овогодинешната Пулицерова награда ја доби американскиот „The New York Times“ за известувањето за насилството над авганистанските жени. „The Washigton post“ доби награда за известување за полициско насилство, додека наградата за служба на јавноста ја доби агенцијата „Associated press“ за известување за искористување на работниците во индустријата на морска храна, извести неделава пулицеровиот одбор. Пулицеровите награди, кои важат за најпрестижно признание во американското новинарство, оваа година се доделени по 100-ти пат.