Убавината е насекаде, а Михаела Норок, романски фотограф го докажува тоа преку патување низ светот и фотографирање на прекрасни жени. Нејзиниот проект е наречен „The atlas of beauty“. „Во изминативе две години патував насекаде низ светот и ги фотографирав жените во различни животни средини. Мојата цел е да докажам дека убавината е во нашите разлики, не во трендовите, парите или расата. Денес се` поголем број на жени чувствуваат притисок да изгледаат на одреден начин, но јас мислам дека ние сме убави, поради тоа што го цениме она што не` прави уникатни“, вели таа.