Оваа серија фотографии е на Магнус Венан и е со наслов „Каде што спијат децата“. Повеќе од 2,4 милиони деца од Сирија живеат како бегалци според УНИЦЕФ. Многу од овие деца го носат својот товар и одат далеку, некои работат за своите семејства, голем дел од нив се болни и гладни, некои ги имаат загубено своите родители, домови и шанси за образование, а многу ја имаат изгубено и привилегијата да спијат мирно.