Во една од некогашните индустриски зони во Сребреница, во селото Зелени Јадар, на 10-тина километри од центарот на градот, пред војната постоел комплекс за преработка на дрво во кој работеле околу 2.000 луѓе. Во индустриската зона на Сребреница денес работи само една фабрика и погон за сечење дрва. Фабриката за пелети е инвестиција на Холанѓанецот Маркус де Вита и беше отворена пред една година. Сега има 30 вработени кои работат во три смени.