На интернет се појавија неверојатни фотографии од суперкрвавата Месечина, од многу места низ светот. Месечината е „крвава“ поради темноцрвената боја со која сјае кога ќе се најде во сенка на Земјата. Зборот „супер“ се користи за означување на „супермесечина“. Овој поим всушност не е астрономски, туку астролошки и се однесува на положбата на Месечината во перигеум. Тогаш Месечината е 14 отсто визуелно поголема и 30 отсто посјајна од вообичаено. Астрономите и психолозите сѐ уште не успеале целосно да ја објаснат оваа појава.