Овој месец, милиони кинески средношколци ќе го полагаат Националниот приемен испит за факултет, наречен „гаоко“. Минатата година 9.4 милиони ученици седнаа да го полагат тестот. Доста стресен, големиот тест предизвика остри критики за неговата високо ризична природа. Во основа тестот претставува предуслов за влегување на колеџ со што се става неверојатен притисок врз учениците, а често пати имало ученици кои не можеле да го издржат притисокот и се самоубивале.