Маќаш Ердели е добитник на Златна камера 300 на годинешното 36-то издание на филмскиот фестивал Браќа Манаки. Ердели ја доби наградата за филмот „Синот на Саул“. Сребрената камера 300 отиде во рацете на Адам Аркапо за филмот „Макбет“, додека Бронзената камера 300 ја доби кинематограферот „Матео Гусман“ за филмот „Земја и сенка“. Според претседателот Ришард Ленчевски, одлуката беше тешка. „Видовме многу интересни филмови и имавме тешка одлука“, изјави тој Наградата за животно дело ја доби Божидар Бота Николиќ.