Малкумина имаат шанса да фотографираа животни како нилски коњи, хиени или крокодили. Но, Сурен Манвелјан успеал не само да ги фотографира, туку и да им се приближи толку блиску што направил неверојатни детални фотографии од нивните очи. Некои од овие макрофотографии изгледаат како пејзажи во далечина, сè уште неоткриени планети, додека други потсетуваат на некој портал во друга димензија. Но, сите докажуваат дека очите навистина се прозорец на душата.