Полуватономниот град Хонг Конг го дрмаат протести по контроверзниот закон на екстрадиција, со кој им се дозволува на осомничените да бидат вратени во Кина за испрашување. Сето ова отвори стари рани. Поранешната британска колонија, која беше вратена на Кинезите во 1997 година оттогаш имаше непријатен однос со Кина, обидувајќи се да го задржи својот посебен статус во договорот како „една земја, два системи“.