Речиси веднаш откако била усовршена употребата на фотографијата за јавноста, уметниците и останатите започнале да манипулираат со сликите. На почетокот, фотографите користеле двојна експозиција за хумористични цели. Фотоманипулацијата наскоро била употребувана за многу причини. Фотографите правеле комбинации од две фотографии за да создадат една која ќе биде подобра од поединечните. Биле создавани и „фотографии со духови“ за да го претстават моделот во бледа форма и оригинално во една иста фотографија.