„Футуризм“, онлајн магазин, произведува неделни цртежи што го прикажуваат секојдневниот живот во иднината. На серијата цртежи работат три лица: Лука Кингма, Лу Патрик Макеј и Јакоб Банас. -Во многу случаи, ги разгледуваме новите технологии што сѐ уште се во развој и се прашуваме што би можело да се случи следно. Друг пат пак, земаме нешто интересно и смешно за луѓето и се прашуваме како сето тоа би изгледало доколку се инволвирани роботите. Погледнете ги генијалните футуристички цртежи.