Тие се истите кои сте ги виделе безброј пати на фотографии, во филмови или во живо. Тоа се најпопуларните дестинации за туристите во светот. Меѓутоа, им недостасуваат највпечатливите градби кои ги прават тоа што се денес. „DesignCrowd“ имаше натпревар во кој од корисниците побара да користат „Фотошоп“ за да ги избришат знаменитостите на светските метрополи. Така, Париз станува обичен град без Ајфеловата кула, а Сиднеј изгледа празно без својата Опера.