Францускиот дизајнер Џулијам Куркдијан создава прекрасни пастелни анимации од се`- од архитектонски структури па се` до чудовишта. За неговата нова серија наречена „Електронски предмети“, авторот ја оживува технологијата од 90-те, од касетофонот па се` до далечински управувач за автомобил и ЦД плеер. Куркдијан има тенденција на своите анимации да им даде чувство и изглед на детски играчки, а токму ова го прави и со овие предмети кои некогаш беа врв на технологијата.