Студентите Снежана Секуловска од Правниот факултет и Ирена Димовска - Митревска од Педагошкиот факултет од УКЛО се наградени со второ и трето место на Ораторскиот натпревар организиран по повод Денот на Европа - 9 Мај. Tрадиционалнниот настан се одржа во рамки на Студентскиот собир што ги обединува студентите од сите универзитети во државата. Тие дебатираат и ги одмеруваа ораторските вештини на тема: „Мојата порака до Европа“.