Различни куќички исти како детските цртежи се споени такашто прават една целина. Оваа градинка во Копенхаген ја дизајнираа токму децата, односно целосно е изработена врз основа на детски цртежи. Градинката „Frederiksvej“ е најголемата установа од ваков вид во Копенхаген, а компанијата „COBE“ во 2011 година победила на конкурсот за нејзин дизајн во соработка со компанијата „Preben Skaarup“.