Гуелта Д'Арчеи е оаза која се наоѓа во самото срце на Сахара. Гелта е типична за пустинските подрачја, а настанува кога формираните подземни води се излеваат на површина и создаваат трајни базени и резервоари. Гуелта Д'Арчеи се наоѓа во Енеди, во североисточен Чад, сокриена позади кањонот кој ја штити од суровите пустински услови. Секој ден ја посетуваат стотина камили кои овде доаѓаат за да се напијат вода и да одморат, пред да продолжат преку Сахара.