Патот до кампусот на Факултетот за бизнис при Универзитетот за технологија во Сиднеј на Френк Гери не бил рамен и лесен. Наместо тоа, тој бил „извиткан“ и „прекршен“. Најновото архитектонско ремек-дело во Сиднеј е австралиско деби на Гери, а истото ќе биде официјално отворено на 23 февруари годинава. Зградата ја споредуваат со хартија. Тоа е затоа што нејзината надворешност изгледа токму така.