Доколку сте блогер кој патува и организира за брзо време патување во Мароко, тогаш дефинитивно треба да го посети хотелот „Dar Rita“ кој се наоѓа во градот Оуарзазате и нуди 3 бесплатни ноќи за сите блогери кои патуваат. Оуарзазате е град кој се наоѓа во јужен Мароко помеѓу Хај Атлас и пустината Сахара. Се нарекува „Портата на Сахара“, и е одлично место за туристи кои планираат да се упатат кон пустината. Хотелот „Dar Rita“ ви нуди целосно опремени соби, приватни купатила, клима уред и бесплатен интернет. Сите соби се прекрасно декорирани со што ќе имате прекрасен престој.