Наградуваниот уметник Ден Доерти создаде интересен стрип што покажува колку брзо минува времето и годините. Стрипот е дел од „Беардо“ хрониките, а во него е прикажана животната приказна на еден татко со неговата ќерка. Од учењето како таа да оди, првиот училишен ден, па до нејзината венчавка - стрипот успева да ги прикаже нивните авантури до моментот кога неговата ќерка веќе е порасната.