Импресивни конструкции од пластични коцки на данскиот произведувач на играчки „Лего“, беа изложени во просториите на Националниот стадион во Варшава. Изложбата, која предизвика восхит поради својата големина, привлече голем број посетители кои имаа можност да видат импресивни макети од познатите европски градби. Најмногу внимание предизвика градбата на париската катедрала Нотр Дам, која во голема мера беше уништена во пожар минатата година. Моделот од катедралата е висок 2,7 метри и долг 3,7 метри, а е изграден од 400.000 коцки. На конструкцијата работеше една личност која поминала 500 часа изработувајќи ја.