Претседателската палата на Реџеп Талип Ердоган е 30 пати поголема од Белата куќа, а се верува и дека во последните 100 години е најголемата палата која е изградена во светот. Таа има 1100 соба од кои 250 ги користат само Ердоган и неговото семејство. Сѐ е уредено по негов вкус, а само на теписи е потрошено повеќе од осум милиони евра.